Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Законот за правична застапеност на чекање – компромис или нова политичка блокада на есен?!

/

Македонија

Сподели преку :

Летната пауза на пратениците сѐ уште трае, а со тоа и неизвесноста околу Законот за соодветна и правична застапеност. Ќе се најдат ли власта и опозицијата на половина пат за решението кое треба да го замени Балансерот со посебна законска рамка?!

Ова останува една од клучните политички теми за продолжението на собраниската работа, но дијалогот засега е закочен. Од владиниот коалициски партнер Вреди повикуваат на конструктивност.

Партискиот портпарол Дритон Сулејмани вели „подготвени сме да разговараме“, со порака до опонентите од ДУИ да престанат со блокадите.

  • „Да разговараме за тие работи, но тоа треба да биде обострано. Не можеме само ние да наметнеме такви иницијативи, а од друга страна да имаме само блокади. За нас е важна и правичната застапеност, но важно е и тие луѓе што ќе влезат во институциите да произведат добри услуги за граѓаните. Се надеваме дека ДУИ ќе престане со блокадите кои за жал ги прави и го злоупотребува Бадентеровото мнозинство. И се надеваме дека и тие ќе бидат дел од гласањето“, изјави Дритон Сулејмани, портпарол на Вреди. 

Интегративците, пак, бараат обврзувачки гаранции за застапеноста и се спротивставуваат на закон што според нив остава премногу простор за дополнителни методологии. Оттаму брифираат дека нема услов којшто ќе ги натера да го променат ставот и да го поддржат законот.

„По амандманската расправа, во која, ниту еден амандман не беше прифатен, остануваме на ставот дека овој Закон нема да го поддржиме. Причините сме ги кажале повеќепати: нема етнички квоти, нема институционални механизми за негова имплементација и не содржи санкции за институциите што нема да го почитуваат“, одговараат од Демократската унија за интеграција. 

Во јули имаше неуспешен обид законот да дојде до гласање. Пред летната пауза спорот се префрли и на прашањето за Бадентеровото мнозинство – ДУИ побара „голем Бадентер“, односно мнозинство од вкупниот број пратеници од немнозинските заедници и тврди дека власта нема поддршка ни за „мал Бадентер“.

Од друга страна, пак, претходно од власта порачаа дека законот ќе биде донесен и со „мал Бадентер“, односно со мнозинство од присутните пратеници од немнозинските заедници, па и без поддршката од интегративците.

Петар Догов

Б.С.

Jumbo 2