Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АРМ одбележува 34 години постење – нови безбедносни предизвици, сајбер-заканите и современо вооружување

/

Македонија

Сподели преку :

Новите безбедносни предизвици, хибридните и сајбер-заканите, но и потребата од современо вооружување и опрема во фокусот на одбележувањето на 34 години од формирањето на Армијата. На свечената манифестација во  Охрид  и пораки дека модернизацијата и подготвеноста се клучни за безбедноста на државата и придонесот во НАТО Алијансата.

Во време кога војната повторно беснее на европско тло, а заканите не доаѓаат само од бојното поле, македонската Армија одбележа 34 години од своето формирање. На овие безбедносни предизвици  се осврна  и претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, која порача дека подготвеноста за новите  закани е неопходност, а не избор. Таа се наврати   и на развојот на Армијата – од формирањето на партизанскиот баталјон „Мирче Ацев“ во 1943 година, преку создавањето на Армијата во независна Македонија, до членството во НАТО.

  • Со членството во НАТО, одговорот на тешките безбедносни и одбранбени прашања не го бараме сами, туку заедно со сојузниците, како наш стратешки избор и темел на колективната безбедност, преземајќи дел од колективната одговорност, но и од одговорноста на секој за секого во Алијансата, рече претседателката Сиљановска-Давкова.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, зборуваше  на резултатите што Армијата ги постигна во изминатата година и на нејзината подготвеност за современите безбедносни предизвици. На инвестициите во одбраната се осврна и министерот Владо Мисајловски, кој најави продолжување на модернизацијата, но и подобрување на условите за работа на армиските припадници.

  • Армијата во рамките на своите надлежности и во координација со останатите институции во државата продолжува да биде најважен столб на националната отпорност. Во таа насока инвестираме во современи способности и технологии, но пред сè во знаењето, професионалноста и посветеноста на нашиот највреден ресурс — човекот, кажа началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
  • Со задоволство ќе кажам: процесот на модернизација на Армијата се реализира согласно сите наши планови. Пристигнува бројна опрема — оклопните возила „JLTV“ и „Stryker“, артилериските системи „BORA“, а најголемиот дел од сите системи се очекува да бидат испорачани во идниот период. Идната година ги очекуваме и првите два нови хеликоптери, рече Владо Мисајловски, министер за одбрана.

На централната свеченост за одбележување на 34 години од формирањето на АРМ во Охрид  беа доделени одликувања и признанија на армиски единици, институции и припадници на Армијата за нивниот придонес во развојоt i модернизацијата

Емилија  Мисирлиевски

Б.С.

Jumbo 2