Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Димитријевиќ: Дали бомбата кај вработениот во МВР, Милко Бошковски води до провизии од 300.000 евра за тендери?

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство да постапи – побара денеска на прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ тврдејќи дека во неделата била фрлена бомба во домот на Милко Бошковски во Бардовци, инаку вработен во МВР, во отсек за организиран криминал.

„Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Ова не е обичен безбедносен инцидент. Прашњето е зошто се крие од јавноста овој настан“, истакна Димитријевиќ кој упати обвин увања и кон  ресорниот министер, Тошковски.

„Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа. Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби?  Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија  дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии“, додаде Димитријевиќ на прес конференцијата.

Тој го повика Обвинителството да отвори истрага, да ги провери овие наводи и основани сомнежи и да одговори:

„Дали е во прашање провизија – мито од 300.000 евра за бизниси и тендери? Каде требало да завршат 300.000 евра? Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје? Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени? Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник?

Jumbo 2