Тим на ДЗС составен од доброволни пожарникари од Битола цела ноќ работи на гаснење на крак од пожарот во атарот на с. Чаниште, каде гори на две места.
Според последните имформации од ДЗС во селото не е изгорена ниту една населена куќа, и синоќа сите жители останале во своите куќи. Во огнената стихија изгореле се неколку стари напуштени куќи или куќи во кои сопствениците престојувале повремено. Нема повредени лица.
Двајца советници од општина Прилеп го посетија селото и ветија помош за жителите.













