Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Семејното насилство не стивнува – нови пријави во билтенот на МВР

/

Македонија

Сподели преку :

Билтенот на МВР повторно се полни со случаи на семејно насилство. Во Тетово, 50-годишен маж е осомничен дека физички ја нападнал ќерката и сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги запали доколку го пријават во полиција.

Поради тоа Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка за загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука, бидејќи, покрај заканите и насилството, ги прекршил и претходно изречените мерки за заштита од семејно насилство. Обвинителството побара за него да биде определен притвор.

Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција. Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово.

Овој случај не е изолиран. Само во денешниот билтен на МВР се евидентирани уште неколку случаи на семејно насилство и упатени закани.

Друг 52-годишен тетовец бил лишен од слобода откако неговиот 26-годишен син пријавил дека му упатувал вербални закани со остар предмет.

Во Скопје, пак, 33-годишна жена од Гази Баба пријавила дека била физички нападната од својот 42-годишен сопруг. Таа пријавила и дека претходно била психички и физички малтретирана, а полицијата извршила службен разговор со сопругот.

Надлежните апелираат насилството да не се премолчува и да се пријави на 192 или 112, како и во најблискиот центар за социјална работа.

Тамара Марковска

Jumbo 2