Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Николоски за проблемот на превозниците: Не мислам дека протестите се решенија

/

Македонија

Сподели преку :

Министерот за транспорт и врски смета дека протестите не се решение за проблемите на транспортерите кои со воведувањето на ЕЕС системот имаат проблем за непречено работно движење во Шенген зоната. Доколку ЕУ не најде решение за нивниот проблем, тие за септември најавија радикални протести на граничните премини и околу европските амбасади, не само во Македонија, туку и во Србија, во Црна Гора и во Босна и Херцеговина.

Според Николоски, државата веќе го решава проблемот со билатерални договори за непречено движење на превозниците. Такви веќе се склучени со Хрватска, Швајцарија и Романија, а се очекува да се склучат и со Австрија, Унгарија, Германија и Словенија, со што ќе бидат покриени земјите каде што македонските превозници најчесто транзитираат.

„Мислам дека е поконструктивно да наоѓаме решенија и не мислам дека протестите се решенија. Секако, тие се крајна форма, но ние наоѓаме решенија во изминатиот период и ќе продолжиме да ги наоѓаме. Она што го добив како чувство е дека една соседна држава прави притисок за таа работа, пред сè, од политички причини. Нека си ги решаваат своите проблеми. Ова е индивидуален пристап кој што ние го имаме, а не колективен. Ние сме засебна, суверена, независна држава и ќе ги решаваме проблемите онака како што ние мислиме дека е најдобро, а другите држави нека си ги решаваат како што тие мислат дека е најдобро. Не смееме да паѓаме во една замка на колективизација на проблемите. Знаете дека долго време има обид целиот регион да биде претставен како едно, како Западен Балкан. Јас со тоа не се сложувам, 35 години независност ќе славиме за некоја недела и враќање назад мислам дека е најлошата работа што може да ѝ се случи на државата“, изјави Александар Николоски, министер за транспорт и врски.

Jumbo 2