Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР со апел до македонските државјани погодени од пожарите во Грција

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повика македонските државјани кои се наоѓаат во подрачјата зафатени со пожарите во Грција, а имаат потреба од помош, да се обратат до надлежните служби.

За помош можат да се јават на дежурниот телефон на МНРиНТ +389 75 268 736 или да пишат на [email protected]. На располагање се и дежурните телефони на Конзулатот на Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Од Министерството апелираат граѓаните во погодените подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и наредбите на локалните власти.

МНРиНТ соопшти дека преку дипломатско-конзуларното претставништво во Солун и во координација со грчките институции ја следи состојбата со пожарите.

Jumbo 2