Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Под лупа профилите кои ширеа паника за бактерија во водата

/

Македонија

Сподели преку :

Фејсбук-профилите кои ширеа паника за бактерија во скопската вода, се под лупа на Секторот за компјутерски криминал во МВР. Неколкумина веќе биле повикани на инфомативен разговор.

Партиите пак во нова кавга, чие масло се дезинформациите.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека е одговорна за нивно ширење, а Социјалдемократите реагираа дека функционерите од власта се заканувават со апсење на опозицијата. Претходно надлежните потврдија дека водата за пиење е безбедна и нема ешерихија коли.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски шпекулациите ги оцени како кривично дело и побара истрага и строги санкции.

Тој  ја исклучи можноста депонијата во близина на изворот Рашче да биде потенцијален извор на загадување бидејќи е на голема оддалеченост и најави дека почнал со расчистување, а Јавното обвинителство отвори предмет за дивата депонија.

Jumbo 2