Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази искрено и длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со Лирим Хајредини.
Хајредини повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор на телевизијата „Алсат“, каде што остави значаен професионален белег и придонес во медиумскиот сектор.
„Неговата професионалност, посветеност и придонес во медиумската заедница ќе останат запаметени“, порачаа од ЗНМ.
Сочувство изразија и од МMA.
„Со тага и болка ја примивме веста за смртта на оперативниот директор на Алсат, нашиот колега и голем пријател, Лирим Хајредини. Хаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат, работеше и во невладиниот сектор а беше искусен професионалец во областа на менаџментот и маркетингот. Заедно со него како еснаф се боревме за професионализација и подобри услови на сите наши колеги во медиумскиот простор. Вработените во националните комерцијални ТВ станици изразуваат длабоко сочуство до семејството и најблиските“, велат од Македоснката медиумска асоцијација.













