Кривичниот суд го замрзна имотот на поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, но и на неговите две малолетни деца. Рашковски кој е првоосомничен во случај за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување на постапки за јавна набавка, со судска одлука добри забрана за располагање со средства од сметка со која е овластен да располага, додека неговите деца добија забрана за оттуѓување или давање под закуп на недвижностите кои се запишани во корист на Рашкоски кој е нивен законскиот застапник.
На барање на Обвинителството за за гонење на организиран криминал и корупција замрзнат е имотот и на третоосомничениот во случајот.
Барањето на Обвинителтството за замрзнување на имотот, како што се наведува во соопштението од Обвинителството, е со цел да не дојде до осуетување на подмирувањето на штетата која во кривичната постапка ја побарува државата во висина од повеќе од 284.000 евра.
Истовремено судија во претходна постапка им го продолжи притвор на осомничените во случајот на нелегална набавка на сотфвер за сообраќјани прекршоци на нови 30 дена.
Рашковски е осомничен бидејќи за него се води постапка под сомнение дека како генерален секретар купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци иако министерството за внатрешни работи тоа не го побарало и не го користи софтверот.
