Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Искра од кабел причина за пожарот кај Рамни Габер: Огнот сè уште гори

/

Македонија

Сподели преку :

Бројот на пожари низ државата за само еден ден е двојно зголемен. Денеска надлежните интервенирале на 51 локација, при што најголемиот дел од пожарите се изгаснати, но четири и натаму се активни.

Најголем предизвик во моментов се пожарите во атарите на Рамни Габер во општина Студеничани и Драгов Дол во Македонски Брод. Гасењето е отежнато поради стрмниот и непристапен терен.

Во акцијата се вклучени воздухоплови, специјални тимови и пожарникари. Надлежните продолжуваат со интервенциите за ставање под контрола на активните жаришта.

Jumbo 2