Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со гаранција до 500 илјади евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор

/

Македонија

Сподели преку :

Поранешниот претседател на ФФМ Илчо Ѓоргиоски излезе од притвор со гаранција во недвижен имот вреден 508 илјади евра.

Кривичниот суд на осомничениот му определил мерки на претпазливост, одземање на пасош и да се јавува во суд.

Одлуката е донесена по позитивно мислење дадено од обвинителството. Ѓоргиоски беше уапсен во јуни и се гони дека за време на неговиот мандат незаконски биле присвоени два милиони евра од куќата на фудбалот.

Од притвор излегуваат уште двајца осомничени во случајот. Ѓоргиоски ја извршуваше функцијата од 2012 до 2018 година. Во истиот случај осомничен е и неговиот наследник Муамед Сејдини кој исто така се брани од слобода откако даде гаранција од над милион евра.

Jumbo 2