Обрасци за лични документи има доволно, поставени се нови базни станици а управните служби ќе работат и за викендите за граѓаните што помалку да чекаат за своите документи, информираат од МВР.
Од вчера сите граѓани кои имаат добиено термин ќе ги добијат личните доку,менти на кои ќе стои новото уставно име на државата, Република Северна Македонија.
Од министерството соопштија дека секој ден имаат по пет илјади барања за издавање на лични документи а минатиот месец издале 41 илјада нови пасоши. Оттаму додаваат дека Предвидувањата се дека во текот на идната недела ќе се надминат турканиците бидејќи управните служби ќе работата седум дена во неделата а поставени се дополнителни станици за сликање.
Поради обврската личните документи да се издаваат и на јазиците на сите етнички заедници споменати во Уставот, минатиот месец, Управните служби не работеа неколку дена а тоа го прологираше периодот на чекање за термин и издавање на документи и дополнително ги револтираше граѓаните а официјална реакција имаше и од Народниот правобранител кој побара официјална информација од МВР на што се должи застојот.
Огнен Чанчаревиќ
