Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Девет активни пожари низ државата

/

Македонија

Сподели преку :

Девет пожари на отворен простор и натаму се активни низ државата, од вкупно 13 регистрирани денеска до 13 часот, соопшти Центарот за управување со кризи.

Два пожари се под контрола, а два се целосно изгаснати.

Активни пожари има во Студеничани, Велес, Прилеп, Струга, Новаци, Македонски Брод, Могила и Крива Паланка. Гори претежно ниска вегетација и шума, а на магистралниот пат Прилеп–Битола е опожарена и викендица.

Под контрола се пожарите на градската депонија во Делчево и кај селото Манастирско Доленци во Кичево. Изгаснати се пожарите во Босилово и Јегуновце.

Jumbo 2