Две лица, маж и жена, се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила во близина на селото Тајмиште, во кичевскиот регион.
Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 8 часот, а учествувале патничко и товарно возило. Повредените биле во патничкиот автомобил и со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Општата болница во Кичево.
Полицијата врши увид на местото на несреќата. По завршувањето на увидот се очекуваат повеќе информации за причините и околностите под кои се случила несреќата.













