Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 8.800 слободни места за бруцоши на УКИМ

/

Македонија

Сподели преку :

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје има 8.851 слободно место за запишување студенти во академската 2026/2027 година. Од нив, 4.395 се во државна квота, 3.621 за кофинансирање и 835 за вонредни студенти.

Најмногу места има на Медицинскиот факултет, ФИНКИ, ФЕИТ, Економскиот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет.

Првиот рок за пријавување е на 18 и 19 август, а конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август.

Запишувањето на примените кандидати ќе се одржи на 3 и 4 септември. Вториот рок е на 10 и 11 септември, додека третиот е на 23 септември, на факултетите каде што ќе останат слободни места.

Кандидатите пред пријавувањето треба да се регистрираат на www.upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската пријава преку iKnow-системот.

Студентите во државна квота плаќаат 200 евра, додека кофинансирачките и вонредните студенти плаќаат 400 евра.

Jumbo 2