Противпожарните екипи на Град Скопје ќе останат на терен во текот на целата ноќ во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране.
Целта е да се заштити селото и околните населени места, како и континуирано да се следи состојбата.
Поради тешкиот и непристапен терен, во гаснењето од воздух денеска интервенираа три авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
На терен се екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, предводени од командантот Звонко Томевски.
Според директорот на ЦУК Мухамед Али, авионите „ер трактор“ повторно ќе интервенираат утре во раните утрински часови, заедно со противпожарните екипи, со цел целосна локализација и гаснење на пожарот.













