Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ: Зошто власта бега од анализа на водата во целата држава и објава на резултатите?

/

Македонија

Сподели преку :

„Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Загадена е водата за пиење и во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа. Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар“, велат од СДСМ.

Опозицијата смета дека граѓаните од цела држава се во грч за тоа каква е водата. Во оваа ситуација, се поставува прашањето зошто власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите? Луѓето имаат право да знаат каква е водата што ја пијат, бидејќи станува збор за нивното здравје.

Владата нека ги направи анализите и нека ги објави резултатите, бара СДСМ.

Jumbo 2