Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВЛЕН: ДУИ, партија која искраде стотици милиони, глуми истражител

/

Македонија

Сподели преку :

„ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ“, се вели во соопштението од ВЛЕН.

Партијата објаснува дека инвестициите во акции се правени во повеќе наврати во изминатите години, а вкупната пријавена вредност на неговото портфолио изнесува околу 30.000 евра. Фактот дека Недим Рама лично, во официјален и јавен документ до кој има пристап секој граѓанин, согласно со законот ги пријавил сите свои финансиски и нефинансиски активности, претставува директен демант на инсинуациите на ДУИ.

  • Тргувањето со акции во „Мерцедес“ или во други компании, како што се „Ново Нордиск“ и „СОФИ Технолоџис“, претставува целосно законска активност, дозволена согласно со важечките прописи во земјата. Особено кога станува збор за тргување со мал број акции. Дополнително, од тргувањето со акции е остварена капитална добивка, која е транспарентно пријавена и за која е платен данок на државата, соопштува ВЛЕН.

Голема манипулација е јавно пријавен имот да се претставува како „откриен“ или како скриен капитал.

ДУИ не приложи ниту еден доказ дека за акциите е употребен еден денар од НОМАГАС, од државниот буџет, од јавен тендер или од незаконски извор, затоа што и самите знаат дека тоа не е вистина. Презентираа само податоци што Недим Рама самиот ги доставил до ДКСК, јавно и транспарентно.

Jumbo 2