Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет пожари на отворено до 13 часот, пет се активни

/

Македонија

Сподели преку :

Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот од кои пет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во Македонски Брод, во местото Видуш кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума; во Општина Илинден, во населбата Илинден, каде гори ниска вегетација; во Желино, кај село Чифлик, со зафатена ниска вегетација и мешана шума, како и во Битола, кај село Букри, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите кај градската депонија во Делчево, кај Ново Село на планината Огражден и кај село Зајас во Кичево, каде се зафатени стрниште, борова шума и гуми.

Изгаснат е пожарот во село Врањовце, Општина Врапчиште, каде горела ниска вегетација.

Jumbo 2