Министерството за внатрешни работи предупредува на фишинг пораки кои лажно се претставуваат како известувања од системот „Безбеден град“.
Преку СМС пораки, електронска пошта, веб-страници и социјални мрежи, граѓаните се пренасочуваат кон лажни линкови за наводна уплата на сообраќајни прекршоци.
МВР апелира граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и да не споделуваат лични и банкарски податоци, лозинки или други идентификатори преку неовластени канали.
Се препорачува внимателно проверување на адресата на испраќачот, користење двофакторска автентикација и пријавување на сомнителните пораки до надлежните институции или банката.
Од МВР појаснуваат дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци треба да бидат испратени од „MVR-SC“.
Пораката треба да содржи регистарска ознака на возилото со кое е направен прекршокот и линк што започнува со официјалната адреса „safecountry.mvr.gov.mk“.













