Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аркин Јахији е кандидат на ДУИ за градоначалник на Брвеница

/

Македонија

Сподели преку :

Демократската унија за интеграција (ДУИ) на претстојните избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији.

Од партијата наведуваат дека кандидатурата на Јахији претставува „одговорност, единство и визија за развој на општината“ и дека целта е создавање поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за сите населени места.

Во соопштението ДУИ оценува дека Брвеница располага со значителен развоен потенцијал и оти е потребно раководство кое ги познава потребите на граѓаните и работи на нивно решавање.

Според партијата, Јахији ќе биде глас на граѓаните и партнер на сите кои сакаат да придонесат за развојот и благосостојбата на општината.

Jumbo 2