Вести Македонија

Нов четврти случај на заболен од индискиот сој во нашава земја

Во Велешката болница е пациентот кај кој е детектиран индискиот сој на корона вирусот, познат како делта сој. Состојбата на овој пациент е стабилна и тој има полесна клиничка слика од болеста, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во меѓувреме, се чекаат резултати за уште четворица, дали и тие се заболени од делта варијантата. Сите  се лечат во Скопје, а само еден од нив е со потешка клиничка слика. Филипче додаде дека лабораторијата на ИЈЗ и МАНУ ја исклучиле британската варијанта кај овие пациенти, и  потоа се направило секвенцион ирање за евентуално присуство на индискиот сој. Резултатите се очекуваат до вечерва. Доколку се потврди дека имаат делта варијанта вкупниот број на заболени од индискиот сој кај нас, би бил осум.

Ниту еден од заболените не бил вакциниран.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓународниот олимписки комитет ја укина суспензијата на Русија

Sasko Dimovski

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе