Пратениците од опозицијата продолжуваат со средбите во Собранието.
Денеска претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе остварат средба со пратеници од политичките партии Алијанса на Албанците – Алтернатива, ДУИ и Левица, на која ќе се разговара за потребата со широк консензус да се усвои резолуцијата за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните негаторски позиции на Бугарија.
Владејачката СДСМ најави дека ќе ја прифати резолуцијата, со што ќе се обединат со ВМРО ДПМНЕ за македонскиот јазик и идентитет.
Со прифаќањето на резолуцијата СДСМ сака да испрати силна порака дека со Бугарија не се преговара за македонскиот јазик и идентитет и дека тоа е затворена тема. Резолуцијата ќе ја прифатат онака како што е предложена.
