Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три деца и жена повредени во сообраќајна несреќа кон Стража

/

Македонија

Сподели преку :

Три деца и жена се повредени во сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево, кај каменоломот „Прогрес 98“, во која учествувале четири возила и камион, информира СВР Тетово.

Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и се создадоа долги колони во двата правца.

Во тек е увид, а движењето на возилата кон Кичево и кон Гостивар се врши наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили.

Jumbo 2