Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Драгичевиќ: Македонија и Хрватска имаат голем потенцијал за соработка

/

Култура

Сподели преку :

Ни претставува огромна чест што сме дел од годинашниот ФЛИП БУК ФИЛМ ФЕСТИВАЛ, меѓунареден фестивал на анимирани фимови и навистина е предизвик затоа што има голема конкуренција, вели хрватската продуцентка Миљана Драгичевиќ. На овој фестивал таа се претстави како продуцент на филмот„Во трњето нема ѕвезди“. Сепак посетата на Скопје е и можност за средба со продуцентите на македонскиот анимиран филм„ Лефти и Рајти“ во кој Драгичевиќ е копродуцент.

Пред се многу сум среќна и благодарна што успеавме да остваривме соработка и дека добивме поддршка од хрватскиот Аудиовизуелен центар во Загреб за копродукција. Во „Лефти и Рајти“ мене најмногу ме привлече приказната, за која што сметам дека е потребна. Значи едукација, визуелизациите се интересни. Ние повеќе ќе делуваме во делот на постпродукција, занимавајќи се со некои помали делови од анимацијата, звукот и музиката и со композитинг. Соработката за сега е успешна и драго ми е што имам можност да се дружам со продуцентките во Скопје.

Јас верувам дека „Лефти и Рајти“ ќе биде гледан и дистрибуиран низ целиот регион и очекувам телевизиска дистрибуција низ сите земји и секако на поголемите фестивали.

Во време на вештачка интелигенција, кусо внимание кое трае колку еден рил и маргинализација на уметноста во време на економска криза и анимираниот филм се соочува со различни предизвици.

Јас би рекла дека за сега не гледам опасност од вештачката интелигенција, барем во Хрватска од она што соработувам со колегите и со аниматорите со кои јас работам. Се уште особено во Хрватска постои културата на 2д анимацијата и  традиционалната анимација, иако се повеќе и повеќе во странските земји се користи помошта на вештачката интелигенција. Мислам дека нашиот најголем предизвик во културата е всушност  финансирањето, затоа што буџетите се многу мали. Паралелно во Хрватска да речеме  кај финансирањето на филмовите мислам дека е навистина добро тоа што системот е поставен на начин што секој вид на филм е во своја категорија, документарен, експериментален, жива слика и анимација е во својата категорија. Постои буџет, значи тоа е предност. За жал во Македонија, затоа што соработувам долги години со колегите тоа го нема, така што искрено се надевам дека ќе се случат некои промени и дека секоја категорија на филм ќе има свој буџет, што ќе го зголеми бројот на анимирани филмови во секој случај.

Важно е да се негува традицијата, вели Драгичевиќ, во овој случај долгата и меѓународно призната хрватска традиција во анимираниот филм, која ја предводеше Загрепската школа на анимиран филм.

Новинар: Нина Стефанова

Снимател: Игор Јанковски

Jumbo 2