Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата и е официјален кандидат за градоначалник на Куманово на претстојните локални избори кои ќе се одржат наесен.
Поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети според кои е еден од трите најдобри градоначалници во државата и градоначалник кој највисоко котира од редовите на СДСМ, како и сите непосредни средби со граѓаните од општина Куманово, се мотив за официјално поднесување на кандидатурата за нов градоначалнички мандат на градоначалникот Димитриевски.
После долги години Куманово е конечно општина без долгови и финансиски стабилна. Куманово стана град со проекти и перспективи. Го подобривме животот во градот, се инвестираше во инфраструктурата, образованието, спортот, културата, заштитата на животна средина, животот на младите и подобри услови за секој наш сограѓанин, се вели во соопштението од општина Куманово.
