Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пет пожари на отворен простор регистрирани денеска

/

Македонија

Сподели преку :

Денеска се регистрирани пет пожари на отворен простор, но ниту еден од нив во моментов нема капацитет да предизвика поголемо загрозување. Се очекува пожарите наскоро да бидат целосно изгаснати од страна на македонските пожарникари.

Вчера, пак, биле регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, кои биле локализирани и изгаснати. Најкомплексен бил пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, во близина на Самоков, кој навлегол во тешко пристапен терен.

Во гаснењето учествувале локалните пожарникари и три возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Сепак, конечниот удар на огнената стихија го задал дождот што заврнал во ова подрачје.

Поголемиот дел од пожарите се ненамерно предизвикани, но за дел од нив постојат докази дека биле намерно подметнати, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Jumbo 2