Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека утре во земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност поради високите температури.
За време на викендот и во текот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени.
Во попладневните часови локално е можна појава на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи, а долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер со брзина до 40 километри на час.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени, при што високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.













