До 18:00 часот на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи, четири пожари се активни, два се ставени под контрола, а 12 се целосно изгаснати.
Активни пожари има во општините Новаци, Долнени, Струмица и Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, стрништа и грмушки. Под контрола се пожарите кај Делчево и Македонски Брод, каде интервенираат надлежните служби.
Меѓу изгаснатите е и пожарот во скопската населба Момин Поток, како и пожарите во Петровец, Бутел, Гостивар, Тетово, Василево, Кичево, Могила и Прилеп. Од ЦУК апелираат на внимателност поради високите температури и зголемениот ризик од појава на пожари на отворено.













