Македонија

По 17 години бегство уапсен осуденик за трговија со дрога

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 18 часот и 20 минути, од страна на полициски службеници од Отсекот за потраги при единицата за внатрешни работи Кисела Вода и при единицата за внатрешни работи Чаир, во атарот на Радишани, во близина на клучката кај ова село, било уапсено лицето А.Р, на возраст од 63 години, кој бил во бегство цели 17 години.

За него била  распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик останува блокиран, партиите не се ни чекор поблиску до договор

Дејан Дејан

Заменскиот поевтин лек за болните од астма и ХОПС го нема во аптеки – Клековски најавува решение до петок

Дејан Дејан

Со владината одлука за геолошки истражувања во источниот регион се отвора патот за нови рудници – велат од Здрава Котлина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе