Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22°C, а максимумот од 33 до 39°C.
Информација од ова утро 6.8.2026
Утринска температура измерена во 8 часот (во °C)
26 Велес, Виница, 25 Гевгелија, 24 Струмица, Скопје, 23 Демир Капија, 22 Тетово, Пожаране, Крушево, 21 Штип, Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Претор, 20 Крива Паланка, Берово.
Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]












