Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжуваат политичките обвинувања за водата во Гостивар

/

Македонија

Сподели преку :

Случајот со квалитетот на водата за пиење во Гостивар предизвика нова размена на обвинувања меѓу власта и опозицијата, откако министерот за здравство најави дека конечните резултати од анализата на водата се очекуваат до 20 август.

Од СДСМ обвинуваат дека институциите доцнат со официјалните анализи и дека Владата не постапувала навремено за заштита на здравјето на граѓаните.

Од партијата тврдат дека власта давала спротивставени информации за исправноста на водата и бараат политичка и институционална одговорност.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека проблемот со небезбедната вода во Гостивар постоел и за време на претходната власт на СДСМ, обвинувајќи дека тогашните институции располагале со информации за присуство на бактерии во водоводот, но не ја информирале јавноста ниту презеле соодветни мерки.

Од партијата побараа СДСМ да одговори зошто, додека била на власт, не го решила проблемот.

Mеѓувреме, надлежните институции продолжуваат со испитувањата на квалитетот на водата, а конечните резултати се очекуваат во втората половина на август.

До тогаш, случајот останува во фокусот на јавноста и предмет на политички препукувања.

Jumbo 2