Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски со порака до гостиварци: Пуштете ги чешмите да течат за побрзо да се прочисти системот

/

Македонија

Сподели преку :

Состојбата со водата во Гостивар без големи промени. Може да се користи како техничка, за миење и капење, но не и за пиење или за готвење. Ќе продолжи доставата на вода за пиење во шишиња за жителите на Гостивар. Ова се заклучоците по денешниот состанок на Кризниот штаб.

Водоводот беше загаден со фекални бактерии, откако со пумпи била внесена загадена вода во водоводниот систем, по што во градот изби епидемија. Сега биле детектирани бактерии псеудомонас аеругиноса кои може да бидат многу опасни, особено за луѓето со слаб имунитет.

„Таа бактерија најчесто се јавува како биофилм во цевководниот систем и најчесто се јавува од застоена вода. Со оглед на тоа дека претходно имаше забрана за водата да не се користи ниту за пиење, ниту како техничка, е очекувано истата да се јавува во примероците. Затоа е постапено согласно протоколите. Хлорот кај каптажата е качен на малку повисоко ниво, правено е во неколку последователни периоди испирање на водоводната мрежа и целиот тој процес ние го следиме континуирано како лабораторија“, вели Емилија Аневска, експерт од Скопски водовод, која помага во прочистување на водата во Гостивар.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, вели дека засиленото хлорирање продолжува.

„Добро би било и секој еден граѓанин кој е сопственик на одредена недвижност, да кажеме, да ја испушти тековната вода која е во системот, сè со цел да имаме колку што е можно побрзо прочистување, освен на примарните цевководи, така и на секундарните“, вели Тошковски.

Водата во Гостивар беше целосно забранета за употреба на 17 јули, а на 27 јули беше дозволена техничка употреба. Властите најавуваа дека гостиварци ќе добијат вода за пиење до крајот на минатата недела, но тоа не се случи. Сега не даваат рокови – кога ќе биде добра за пиење, ќе соопштиме.

Срѓан Стојанчов

Jumbo 2