Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Насилство од омраза – пријава за 52-годишникот кој во Ташмаруништа за Илинден го навредуваше премиерот Мицкоски

/

Македонија

Сподели преку :

МВР соопшти дека струшката полиција поднела кривична пријава против 52-годишен жител на Струга за насилство откако во неделата пред прославата на Илинден во сструшко Ташмаруништа  навредувал јавни лица меѓу кои бил и претседателот на владата Христијан Мицкоски.

-ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, соопштија од СВР Охрид.

Пријавата е за кривично дело од омраза за кое е запретена затворска казна од 1 до 5 години. Според некои информации осомничениот е по потекло од Кочани, но има струшка лична карта, а е осомничен за делото насилство односно за дејствија дека „малтретира друг, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз друго лице врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв.“

-Ако делото од ставовите (1), (2) и (3) на овој член е сторено од омраза или имало за последица предизвикување на тепачка, нереди и оштетување на имот од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години, стои во член 286 став 5 во Кривичниот законик.

Конкретното кривично дело се однесува на дела сторени од омраза кои се воведени во во 2018-та година во Кривичниот законик. Со конкретниот став беше дефинирано дека „доколку било кој од претходните облици на насилство е сторен од омраза (поради раса, боја на кожа, националност, етничко потекло, религија или друго својство), сторителот се казни со пропишаната казна за соодветниот став, но со зголемена строгост како отежнувачка околност.“

По истрагата, струшката полиција се решила да го примени конкретниот законски член односно вербалниот напад врз премиерот да го оквалификува како насилство од омраза.

Инцидентот во Ташмаруништа беше дел од политичките критички објави на опозицијата во текот на празничниот викенд, на што со контра реакција се јави и партијата на премиерот Мицкоски. Неколку години по ред, струшкото село Ташмаруништа е дел од празничната илинденска агенда на претседателот на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2