Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во јули изречени речиси 21.000 сообраќајни казни

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на јули биле издадени вкупно 20.976 платни налози при сообраќајните контроли низ државата. Најголем дел од прекршоците, односно 4.241, се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина, а евидентирани се и 4.694 прекршоци за неправилно паркирање.

Во истиот период, 496 лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување со возило. Од нив, 81 возеле под дејство на алкохол, 373 без возачка дозвола, додека останатите биле санкционирани поради забрана за управување, екстремно пречекорување на брзината или возење во забранет правец.

Дополнително, биле одземени 332 возила согласно Кривичниот законик.

МВР соопшти дека санкционирани се и 2.073 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем, 1.829 возачи и патници поради некористење сигурносен појас, како и 430 возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Министерството најави дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за поголема безбедност на патиштата.

Jumbo 2