Во соединетите држави се слави Денот на независноста, во спомен на четврти јули 1776 година, кога била усвоена Декларацијата за независност, со што беше прогласена независноста на САД од Велика Британија.
Со бројни манифестации низ американските градови, и во Вашингтон празникот ги слави историјата, политичката традиција и американскиот начин на живот.
Американската амбасадада во македонија организираше прослава по повод 4-ти Јули. Ова е второ виртуелно одбележување на 245-от роденден на Американсата нација од прогласувањето на независноста.
На прославата од американската амбасада, која беше пренесувана на официјалната Фејсбук страница, американската амбасадорка Кејт Мари Брнз испрати порака до политичарите и до власта и до опозицијата.
Еве дел од нејзиното обраќање: Порака до лидерите на оваа земја од највисоките нивоа па до локалните како до власта така и до опозицијата вашето дејствување е важно. Краткорочната политичка цел е поткопување на довербата во инстициите и меѓусебната доверба, одбегнување наместо разговор и потпалувањето на поделбите наместо градење доверба има долгорочна цена која е премногу висока за било која земја да ја плати и оди во прилог на надворешните елементи кои сакаат поткопување на довербата и стабилноста на демократијата, истакна Брнз.
„Можам да разберам, рече таа дека некои од вас се фрустрирани, напредокот оди бавно, тешко е да се види позитивна промена, но работите не се менуваат секогаш со темпо кое ние го посакуваме, но се менуваат“.
„Немојте да имате сомнеж дека вашата иднина без сомнеж е во интегрирана Европа. Ќе стоиме веднаш до вас како што стоевме во изминатите три децении поддржувајќи ги вашите напори за да се постигне оваа цел“, истакна Брнз.
