Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски од Ташмаруништа: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина

/

Македонија

Сподели преку :

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа.

„Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го продолжуваме патот со одговорност, единство и љубов кон Македонија“, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Во објавата, премиерот посочува дека денеска се оддава почит на илинденците и на сите кои со својата жртва ги вградија темелите на македонската државност и слобода.

Jumbo 2