Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Струмица: Мајка и дете паднаа во бездна на патот кон манастирот „Св. Илија“

/

Македонија

Сподели преку :

Мајка и дете утринава се спасени отакако паднале во бездна покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ на планината Еленица, на 4 километри од Струмица, информираа  струмичките пожарникари.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги извлекле двете лица од непристапниот терен и ги предале на екипа на Итната медицинска помош за понатамошен преглед и згрижување.

Од ТППЕ Струмица информираат дека благодарение на брзата, професионална и координирана реакција на спасувачките екипи, интервенцијата завршила успешно.

Jumbo 2