Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукање со огнено оружје во видео на Фејсбук – МВР: Работиме на идентификување на лицата

/

Македонија

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи (МВР) презема мерки за идентификување на лицата, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат млади лица како пукаат со огнено оружје.

Видеото го објави адвокатот Умејр Мухамеди кој потоа го избриша од неговиот профил на Фејсбук. Тоа, како што напиша, го направил поради коректност спрема сопственикот на возилото кој бил сосема трето лице и им го дал возилото на користење, како и кон гостите на свадбата. Мухамеди порачува дека мора да се научи дека пукањето по свадби е примитивен чин.

Од СВР Тетово велат дека нема поднесено пријава за неовластено пукање на семејна прослава, меѓутоа постапуваат по допрен глас и работат на расчистување на случајот. Засега не е познато кога точно е снимено видеото.

Jumbo 2