Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот селектор Марјан Илиевски седнува на клупата на Маџари 

/

Кошарка

Сподели преку :

Марјан Илиевски се враќа на тренерската работа и седнува на клупата на Маџари. Поранешниот селектор на Македонија по кратка пауза повторно ќе работи во домашниот шампионат.

Маџари минатата сезона, како дебитант во елитата, имаше сезона од соништата и стигна до големото финале, во кое загуби од МЗТ Скопје во битката за титулата.

Тимот тогаш беше предводен од Миодраг Тодоровиќ, но младиот стратег летово си замина од клубот и го презеде Кожув.

Нов тренер на Маџари е Марјан Илиевски, кој воедно е и еден од косопствениците на клубот. Минатата година тој ја предводеше репрезентацијата на Македонија во претквалификациите за Светското првенство, како и на првите два натпревари од претквалификациите за Евробаскетот.

Во својата тренерска кариера Илиевски ги предводеше и Пелистер, Блокотехна и Лирија, како и косовските екипи Приштина и Раховеци.

Маџари во новата сезона, освен во домашната Суперлига, ќе настапува и во регионалната АБА2-лига.