Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арис му даде зелено светло на Димитријевиќ за настап за Македонија

/

Кошарка

Сподели преку :

Македонската кошаркарска федерација објави дека грчкиот клуб Арис ќе му даде дозвола на Ненад Димитријевиќ да настапува за репрезентацијата во августовскиот прозорец од втората фаза на претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година. Конечната одлука дали ќе го облече националниот дрес ќе ја донесе самиот кошаркар.

Димитријевиќ во изминатите години настапуваше за екипи што се натпреваруваат во Евролигата, а клупските обврски честопати се преклопуваа со репрезентативните термини. Од Куќата на кошарката ја поздравија спортската одлука на клубот од Солун, со која нашиот најдобар кошаркар доби можност повторно да заигра во националниот дрес во исклучително важен момент за репрезентацијата.

Арис нема да му прави проблеми на Димитријевиќ да се приклучи на националниот тим, а од КФМ се надеваат дека кошаркарот ќе ја прифати поканата.

Подготовките за втората фаза од претквалификациите стартуваат на 16 август. Македонија е во групата Ф заедно со селекциите на Австрија и на Кипар.

Во првото коло, на 30 август, нашиот тим ќе гостува кај Австрија. Натпреварите продолжуваат во ноември, кога ќе го пречекаме Кипар, додека во февруари идната година нè очекуваат уште два дуела – на домашен терен против Австрија и на гостински терен со Кипар.

Само победниците на четирите претквалификациски групи ќе обезбедат директен пласман во главните квалификации за Евробаскетот во 2029 година.