Македонија Топ вести

КОД: Дебар рекордер- 84 проценти од исцрпената вода не завршува за пиење, туку е загуба

Иако во последните три години со два ревизорски извештаи беше укажано дека речиси две третини од водите кои се црпат за локалните водоводи исчезнуваат односно се загуба, никој од надлежните ниту превзема одговорност ниту менува нешто во оваа лоша практика.

Ревизорите пресметале дека на годишно ниво загубата е над 10 милиони евра, а КОД во вечерашната емисија открива и дека најчесто локалните комунални претпријатија прибегнуваат кон тактика да не ги издаваат фактурите за кои со сигурност знаат дека нема да им бидат платени.

И покрај тоа загубите се огромни, а рекордер е Дебар каде 84 проценти од исцрпената вода не завршува за пиење туку е загуба.

Во вечерашната емисија на КОД и зошто кражбата на струја е кривично дело, додека за водата кое е природно богатство истото не важи и никој не ги гони оние што ја фрлаат водата во празно.

Во КОД вечерва во 19.15 на Телма и приказните кои ја одбележаа изминатата сезона на оваа емисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од утре низ Охрид заеднички полициски патроли на македонски и српски полицајци

Дејан Дејан

Зајкова: Вистински патриотизам се докажува таму каде што се носат одлуките во Европа – преку директна борба за подобар живот на сопствениот народ

Tea Dimkovska

ДУИ: На самитот на НАТО во Турција нема ниту еден Албанец во државната делегација

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе