Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хакиран серверот на Државниот завод за ревизија – од е-адреса на директорот се испраќаат измамнички пораки

/

Македонија

Сподели преку :

Хакиран е серверот на Државниот завод за ревизија и од официјалната е-адреса на директорот на Заводот, Максим Ацевски, се испраќаат фишинг, измамнички пораки на електронски пошти низ цела Македонија, но и на соработници на Заводот низ целиот свет.

Нападите, според ДЗР, потекнуваат од Франција и Сингапур, станувало збор за нудење на соработка на проекти, случајот е пријавен во МВР. Ваквите напади најчесто се случувале како што велат од ДЗР по објавување на извештаи или појавување на директорот  на телевизија.

Оттаму предупредуваат да не се отвораат пораките и дека Информатичкиот сектор е запознат и работи на проблемот.

Jumbo 2