Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратеници од Европскиот фронт бараат анкетна комисија за инцидентот на член на Владата во Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Група пратеници поднесoa до Собранието, Предлог-одлука за формирање на Анкетна комисија со цел да се утврдат сите факти и околности поврзани со инцидентот што се случи во просториите на Собранието, при кој член на Владата употребил навредлив и понижувачки говор кон пратениците, соопшти денеска Европскиот фронт.

Коалицијата Европски фронт, во денешното соопштение меѓу другото, наведува дека Собранието треба да биде „простор на демократски дијалог, а секое однесување што го нарушува неговиот авторитет е удар врз демократските институции и не смее да остане без политичка и институционална одговорност“.

Токму поради тоа, групата пратеници бараат Собранието да ги искористи своите уставни и надзорни надлежности преку формирање на Анкетна комисија која како што велат, објективно, професионално и непристрасно ќе ги испита сите околности поврзани со овој случај.

Анкетната комисија ќе има мандат да ја разгледа хронологијата на настанот, однесувањето на сите вклучени лица, постапувањето на институциите и на службите на Собранието, како и да утврди дали се повредени достоинството на Собранието, правата на пратениците и принципите на транспарентност, отчетност и владеење на правото – се наведува во денешното соопштение од Европски фронт.

Особено важно прашање е и одбивањето да се овозможи пристап до снимките од официјалниот систем за видеонадзор на Собранието – наведуваат оттаму.

Имајќи предвид дека инцидентот се случил при вршење јавни функции и вклучува државни функционери, постои јасен јавен интерес сите релевантни докази да бидат предмет на институционална проверка. Затоа, наведуваат од Европскиот фронт, Анкетната комисија треба да утврди и дали ова одбивање било во согласност со законот, Деловникот на Собранието и стандардите на институционална транспарентност.

Затоа, ги повикуваме сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да ја поддржат оваа иницијатива. Гласањето за формирање на Анкетната комисија не е гласање за политички субјект, туку гласање за транспарентност, вистина, отчетност и заштита на авторитетот на Собранието на Република Северна Македонија, велат од Европскиот фронт.

Jumbo 2