Дирекцијата за заштита и спасување предупредува на зголемен ризик од пожари на отворен простор поради силниот топлотен бран, високите температури, ниската влажност и сувата вегетација.
Во текот на јули во просек се регистрирале околу 15 пожари дневно, кои благодарение на брзите интервенции на пожарникарите и поддршката од воздухопловните средства биле успешно изгаснати.
Од ДЗС посочуваат дека претстојниот период носи исклучително висок ризик за брзо ширење на огнот.













