Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 58-годишен жител на селото Равен, гостиварско, поради сомнение за неовластено производство и трговија со наркотични дроги.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за пиштол.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.













