Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РСБСП со апел за безбедно возење за празникот Илинден

/

Македонија

Сподели преку :

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни и одговорни за време на претстојниот празничен викенд по повод 2 Август – Денот на Републиката – Илинден.

Од Советот посочуваат дека се очекува значително зголемен сообраќај, особено кон туристичките центри, излетничките места и граничните премини.

РСБСП ги повикува возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, ограничувањата на брзината и да не управуваат возило под дејство на алкохол, психоактивни супстанци или во состојба на замор.

Исто така, апелира задолжително да се користи сигурносен појас, децата да се превезуваат во соодветни детски седишта, да не се користи мобилен телефон за време на возењето и пред патување да се провери техничката исправност на возилото.

Посебен апел е упатен и до велосипедистите, мотоциклистите, корисниците на лесни електрични возила и пешаците да се движат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила.

Од РСБСП нагласуваат дека секое одговорно однесување придонесува за зачувување на човечките животи и им посакуваат на сите граѓани безбедно патување и среќно пристигнување до посакуваната дестинација.

Jumbo 2