Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТЕЛМА ИНТЕРВЈУ: „Скопје 2028“: Скандалозниот закон кој ја дерогира контролата на трошењето на парите, не е повлечен од Собранието

/

Интервју

Сподели преку :

Предлог-законот за „Скопје 2028“, со кој требаше да се воспостави законска рамка за реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, предизвика сериозни реакции во јавноста. Најголемите дилеми се однесуваат на предвиденото трошење на 21 милион евра и можноста да се заобиколат процедурите предвидени со Законот за јавни набавки.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата го оцени предлог-законот како скандалозен, предупредувајќи дека со него се суспендира примената на Законот за јавни набавки и се дерогираат контролните механизми при трошењето на јавните средства. Од Платформата позитивно го оценуваат тоа што, по бројните реакции, законот е тргнат од дневен ред.

Сепак, Снежана Камиловска од Платформата посочува дека предлог-законот не е целосно повлечен од Собранието, туку само е отстранет од дневниот ред.

Таа нагласува дека останува да се види дали пратениците, кои го поднесоа законот по скратена постапка, ќе ги земат предвид забелешките на засегнатите страни, особено оние што се однесуваат на дерогирањето на Законот за јавни набавки.

Jumbo 2