Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Штип пред новинарите изјави дека секојдневни се прават најмалку девет тестови на водата за пиење во Гистивар. Тој истакна дека потребно е три теста на кориснички места да бидат соодветни за да може АХВ да ја повелече забраната за употреба за вода за пиење. Додаде дека она што е важно е дека сега водата може да се употребува за други намени, а не за пиење и подготовка на свежа храна, Клековски потенцира дека анализите на водата ќе продолжат и во текот на викендов.
- Сакаме да бидеме максимално сигурни пред да дозволиме водата да се употребува за пиење и за подготовска на храна. Се следат пробите и тие ќе продолжат и во текот на викендот, значи секој ден од повеќе кориснички места се земаат проби. Штом едно по друго проби ќе бидат соодветни за пиење ќе биде ставен во употреба водоводот. Она што е важно е дека сега водата може да се употребува за други намени, а не за пиење и подготовка на свежа храна. Треба три теста на кориснички места да бидат соодветни за да може АХВ да ја повелече забраната за употреба за вода за пиење. Секој ден се прават анализи од најмалку девет кориснички места, кога ќе биде дозволено ќе биде соопштено, изјави министерот за здрвство Клековски.













